Намален прометот во индустријата за 11,6 % во април

34

Вкупниот промет во индустријата во април годинава е намален за 7 % на годишно и за 11,6 % на месечно ниво, а за првите четири месеци од годинава е намален за 8,7 % во споредба со тој период лани.

Притоа, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи зголемување за 8,7 % на годишно и за 1,2 % на месечно ниво, а во првите четири месеци од годинава е повисок за 2,3 % во споредба со лани.

Прометот во индустријата на странските пазар, пак, е намален за 11 % на годишно ниво, за 15,4 % на месечно и за 11,5 % во првите четири месеци од годинава во споредба со тој период од 2023 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергијата за 7,8 %, трајните производи за широка потрошувачка за 5,9 % и нетрајните производи за широка потрошувачка за 6,7 %, додека има опаѓање од 23,2 % кај капиталните производи.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергијата за 13,4 % и нетрајните производи за широка потрошувачка за 8,4 %, додека има опаѓање кај капиталните производи за 6,2 % и кај трајните производи за широка потрошувачка за 7,5 %.

Прометот во индустријата, пак, на странските пазари во април 2024 година, во однос на април 2023 година, има пораст кај интермедијарните производи, освен енергијата за 8,4 %, трајните производи за широка потрошувачка за 13 % и нетрајните производи за широка потрошувачка за 4,4 %, додека има опаѓање кај капиталните производи за 23,5 %.