Летните олимписки игри завршија пред неколку дена, а излегува дека на оваа Олимпијада Германија и Италија можат да се пофалат со двете најсекси спортисти кои оставија најсилен впечаток кај фановите на социјалните мрежи.

Германската атлетичарка Алика Шмит е толку убава што според многумина изгледа како да е создадена од вештачка интелигенција. Покрај тоа, таа беше прогласена за најсекси спортистка на светот од австралискиот магазин „Busted Coverage“ уште во 2017 година.

Од друга страна, кога во прашање е машката конкуренција, тука местото му е загарантирано на италијанскиот пливач Томас Цекон, кој освои не само златото на 100 метри грбно, туку и со сините очи и извајано тело стана олимпиец број 1 во срцата на жените. Секако, тие не се единствените кои се истакнуваат со впечатлив изглед, но слободно може да се каже дека и во овој поглед се издвојуваат меѓу шампионите.

Една од најсексапилните спортистки е парагвајската пливачка Луана Алонсо, која беше исфрлена од олимпиското село затоа што не преноќила во него, но и поради несоодветното однесување.

Секако, и други оставија впечаток со нивниот шарм, но не толку како Алика и Томас. И двајцата чекорат по својот тежок пат за да бидат во најголемата арена за еден спортист. Дваесет и петгодишната Шмит го имаше своето олимписко деби на патеката на „Стад де Франс“, но без некој позначаен успех, освојувајќи го седмото место во мешаната штафета 4Х400 метри.

  • Мојот најголем сон се оствари! Колку и да се големи вашите соништа, ако останете посветени и верувате во себе, ќе ви дојдат добри работи, проговори згодната Алика.

Алика моментално има над седум милиони следбеници на Инстаграм и ТикТок, а со својот блескав изглед, сосема очекувано е моден амбасадор на брендовите Hugo Boss и Tiffany & Co. Шмит, исто така, работеше како фитнес тренер во германскиот фудбалски клуб Борусија од Дортмунд во 2020 година.

Претходно оваа година, таа откри дека и покрај нејзините различни атлетски успеси и огромните следбеници на интернет, нејзината главна плата доаѓа од германска спортска фондација и изнесува само 600 фунти (700 евра) месечно. Шмит не крие дека парите што ги зема од учество на натпревари не се доволни за живот. Таа објаснува како повеќето германски спортисти работат со скратено работно време за да создадат втор извор на приход или да најдат дополнителни споредни работни места за да можат да се издржуваат.

Откако го освои првиот златен медал и ја зголеми привлечноста на жените кон него, 23-годишниот италијански пливач Томас Цекон беше фотографиран како спие покрај клупа во париски парк. Клипот го сподели саудискиот веслач Хусеин Алиреза и беше придружен со натпис: „Одмори се денес, победи утре“.

Се чини дека Цекон навистина очајуваше од лошите услови за живот во олимпиското село, на кои се пожали откако не успеа да се квалификува во финалето на 200 метри грбно за мажи.

„Нема клима, топло е, храната е лоша. Многу спортисти се селат поради оваа причина: тоа не е алиби или изговор, тоа е реалноста што можеби не ја знаат сите. Разочаран сум што не стигнав до финале, бидејќи бев премногу уморен. За мене е тешко да спијам и навечер и попладне не ми дозволуваат да се опуштам“, гласеше пораката на Италијанецот додека траеше Олимпијадата.

Цекон пристигна во Париз со сериозни амбиции, но не очекувајќи преку ноќ да стане славна личност и неговите следбеници вртоглаво да пораснат, и тоа не поради неговите достигнувања во водата. Социјалните мрежи експлодираа кога Томас ги откри своите стомачни мускули додека ги креваше рацете за да го прослави третото место заедно со тимот на Италија во машката штафета во слободен стил. Така, интернетот пламна од коментари.

И замислете дека самиот Чекон еднаш се опиша себеси како грдо пајче меѓу другите пливачи.

  • Живеам за овој спорт. Ова е причината поради која се будам наутро. Од мали нозе чувствував дека можам да направам сè, но поради мојата фигура – кратки нозе, долго торзо и широки раменици – бев нервозен, напнат, и со болка влегувајќи во моите натпревари, призна во едно интервју шампионот.

Денес, неговата фигура е повеќе од совршена за спортот – долги раце, тесен струк, висок 1,90 метри… Тој воедно има цврст карактер, а од 15-годишна возраст сонувал за злато на ОИ.

  • Уште како дете знаев дека можам да го освојам овој медал, изјави спортистот за италијанската телевизија РАИ по освојувањето на златото.

Неговото олимписко деби беше на Игрите во Токио 2020 година, каде што учествуваше во машка штафета 4×100 метри слободно и освои сребрен медал, како и бронзен медал во машка штафета 4×100 метри мешано.

И Алика и Томас ја разубавија Олимпијадата во Париз. Останува да видиме каков сексапил ќе имаат и на игрите во Лос Анџелес во 2028 година, бидејќи и двајцата имаат квалитет кој несомнено ќе ги одведе таму.