НАЈЛУДАТА ПРИКАЗНА НА ЕУРО24: Тој на теренот, а сопругата и љубовницата на трибините/ФОТО

910
EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Фудбалерот Кајл Вокер е најголемиот губитник на Европското првенство без разлика на неговиот настап на теренот. Играчот кој пред неколку месеци се најде во центарот на скандал откако беше откриено дека има дете со најдобрата другарка на сопругата, вчера го имаше „натпреварот на својот живот“.

На трибините во Франкфурт вчера го бодреа и сопругата и неговата љубовница – мора да се признае дека морале да седат на различни страни, но и двете деца облечени во „татковски дрес“, што предизвика вистинска лудница на социјалните мрежи.

Лорин Гудман „не беше поканета“ на ЕУРО24, не е официјален дел од „делегацијата“ што ги следи играчите, како семејство, но, според британските медиуми, патувањето во Германија го финансирала сама, поради што добар дел од следбениците на мрежите ја нарекуваат прогонител и провокатор.