Најголемото интернационално оро во општина Илинден

3192

Во убавиот амбиент на амфитеатарот „Галерија на отворено” при Домот на култура „Илинден” во општина Илинден, се одржа 10-тиот меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица”. Фестивалот е во организација на КУД „Гоце Марковски” од Долно Лисиче со поддршка од Општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава и странство.