Mакедонците земаат најниска минимална плата на Балканот

60

Во земјите од регионов најниска минимална плата земаат работниците во Македонија, или 203 евра. Според последните податоци, минималецот во Босна и Херцеговина е 208 евра, во Албанија 211 евра, а во Црна Гора неодамна минималецот е зголемен на 222 евра, пишуваат балканските медиуми.

Во Србија најниската плата во моментов изнесува околу 230 евра, но следната година се очекува зголемување за 11 отсто, па од први јануари минималецот во Србија ќе се зголеми на 255 евра.

Поранешните југословенски земји, кои добија членство во Европската унија, како што се Хрватска и Словенија, имаат значително поголеми минимални плати.

Хрватските работници можат да заработат најмалку 405 евра месечно, додека во Словенија минималецот значително ја надминува просечната плата во повеќето земји од регионот и изнесува 667 евра.