EPA-EFE/Johan Nilsson

Прославениот ракометен репрезентативец на Хрватска, Жељко Муса, налето ќе ја заврши својата кариера, но ќе остане во ракометот. Искусниот ракометар, кој направи трансфер во текот на 2023 година, од Загреб во Криенс Луцерн, ќе биде новиот тренер на швајцарскиот клуб.

Раководството на Криенс Луцерн одлучи за наследник на српскиот стратег Петар Кукучка да го постави токму Муса, пред сѐ поради големото искуство. Криенс Луцерн се наоѓа на втората позиција во шампионатот на Швајцарија, има 35 бода, додека актуелниот лидер Кадетен Шафхаузен – 45.