EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Поранешниот тренер на македонскиот кошаркарски репрезентативец, Шпанецот Алекс Мумбру, ќе биде нов селектор на германската репрезентација. Тој ќе го замени селекторот Горди Херберт, кој ѝ го донесе најголемиот успех на Германија во историјата – титулата светски шампион и четвртото место на неодамнешните Олимписки игри.

Германската кошаркарска федерација се одлучи за Мумбру од неколкутемина кандидати што се интересираа за селекторското столче, а првиот меч ќе го има со Шведска, во рамките на квалификациите за Евробаскетот 2025 година.

Инаку, Мумбру му беше тренер на нашиот Димитријевиќ во редовите на Валенсија.