„Монструмот од Авињон“ пренесен во болница: Мажот кој ја дрогирал сопругата за да ja силуваат десетици мажи, денеска требаше да сведочи на суд

228

Судењето на мажот во Франција кој повеќе од една деценија ја дрогирал сопругата и поканил десетици мажи да ја силуваат, прекинато е утрово, кога осомничениот Доминик Пелико бил итно пренесен во болница поради необјаснети стомачни болки.

Судијата Роже Арата објави дека обвинетиот Доминик Пелико (71) добил лекарска помош и се очекува денеска да сведочи на судењето кое ја шокираше Франција.

Неговата ќерка Керолин утрово се расплакала откако слушнала експлицитни детали за малтретирањето на нејзината мајка. Таа е изведена надвор од Кривичниот суд во Авињон, бидејќи полицискиот детектив детализираше како нејзиниот татко организирал повеќе мажи да ја силуваат нејзината мајка.

Полицискиот истражител Стефан Гал му кажа на судот како Пеликот регрутирал десетици мажи преку Интернет да дојдат во неговиот дом во село во близина на Авињон за да ја силуваат неговата сопруга додека таа лежела во несвест помеѓу 2011 и 2020 година.

Пензионираниот електричар веќе признал дека речиси цела деценија и ставал силни седативи во вечерните оброци на сопругата Жизел и вино розе, за да ја онесвести.

Полицијата пронашла и ужасни слики од Керолин кои тој ги зачувал во досието наречено „злоупотреба“.

Околу 84 мажи кои ги запознал на Интернет влегле во нивната скромна куќа во село во близина на Авињон за да ја силуваат Жизел во брачниот кревет.

Но, Пелико, наизглед вљубен сопруг и посветен татко на три деца, кој се преселил на југот на Франција за да се пензионира, ја обвини својата сопруга и полицијата дека му го уништиле идиличниот живот.

На психолозите им рекол дека неговата сопруга е виновна за неговите постапки бидејќи одбила да биде свингер.

– Со сопругата зборувавме за тоа да станеме свингери, но таа не се согласи, па ја издрогирав – му рекол Пелико на психологот.

Психологот Анабел Монтање денеска на сослушување во судот во Авињон изјави дека разговарала со Доминик во декември 2020 година, месец и половина откако бил приведен.

Потоа призна дека континуирано ја малтретирал сопругата Жизел.

Таа додава дека тој потоа ѝ рекол дека ќе продолжел да ја малтретира сопругата на ист начин доколку не бил уапсен.

„Ми се пожали дека сега животот му е уништен“, додаде таа.

Психологот Маријен Дуто на судењето утрово изјави дека и Доминик ѝ се пожалил на пријавата.

„Тврди дека сѐ можело да продолжи доколку не бил уапсен. Тврди дека тој и неговата сопруга би продолжиле да живеат во среќен брак доколку не биле откриени неговите злодела“, рече Дуто.

Таа вели дека Доминик ѝ признал дека е опседнат со секс и дека често посетувал порнографски веб-страници.

На денешното рочиште присуствуваа и нивните синови Дејвис и Филипо.

Според обвинението, ѓаволот од Авињон во период од 10 години ја дрогирал сопругата Жизел (72) за да ја силува или да дозволи непознати да ја силуваат. И тоа на нивниот брачен кревет, додека тој гледал и снимал сѐ.

Полицијата идентификуваше повеќе од 200 силувања, додека на 50 осомничени силувачи сега им се суди заедно со Доминик Пелико во Авињон.

Судењето е јавно по желба на жртвата на ова невидено злосторство.

Повеќе од 200 злосторства се случиле помеѓу 2011 и 2020 година. Нејзиниот сопруг извршил 108 од нив, а непознати се 92.

“Лежам неподвижно на креветот и ме силуваат. Тоа се варварски сцени. За мене тоа се хорор сцени”, рекла Жизел која сакала цел свет да дознае што доживеала.

Судењето продолжува.