Microsoft сертифицирање на наставниот кадар

131

Утре, во 11 часот, во просториите на Certi Adria (ул. „Кузман Јосифовски Питу“ број 15, мезанин, локал 21, до новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност) ќе се одржи настан за успешното Microsoft сертифицирање на наставниот кадар во Општина Карпош.

На настанот ќе се обратат градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и оперативниот директор на Certi Adria, Марко Серафимовски.

Microsoft сертифицирањето овозможува развивање на дигиталните вештини кај наставниците и учениците, поголема конкурентност на наставниот кадар при аплицирање за проекти и организирање на поинтересна настава.