Мицкоски: Во Брисел ќе ја пренесеме фрустрацијата на македонските граѓани на патот кон ЕУ

24

Во Брисел ќе ја пренесеме фрустрацијата на македонските граѓани на патот кон ЕУ. Повеќе од деценија и пол, не сме во можност да почнеме преговори со ЕУ бидејќи има вештачки наметнати пречки кои ниту една земја ги немала, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на посетатата на Брисел посочи дека на дневен ред ќе биде Планот за раст, а доколкку стане збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси. Позицијата на Владата за уставните измени, како што рече, е јасна и сакаме да знаеме дека ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе завршиме тој пат и е бидеме членка на ЕУ.

Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски рече дека Планот за раст е доставен до Европската комисија и во Скопје и во Брисел од страна на македонската Влада која потенцираше дека подготвила фантастичен документ.

Први и најквалитетен документ, којшто долги месеци беше во застој. Со формирањето на Владата тоа го поднесовме во канцеларијата на Европската комисија тука во Скопје, а потоа да тоа пристигне во Брисел. Тоа е целта на мојата посета и работен ручен со старо-новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен – рече Мицкоски.

Доколку стане збор за евроинтеграцискиот процес, како што рече, се разбира тој е кој што треба да ги брани и да ги одбрани македонските национални интереси, како што беше и во минатото, кога беше во опозиција, така и сега како Влада.

Дури сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и половина децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската унија, повеќе од деценија и пол откако официјално го добивме првиот позитивен Извештај од страна на Европската комисија за почнување на овие преговори. Ние не сме во можност да почнеме не заради тоа што не ги почитуваме Копенхашките критериуми, не затоа што сме љубители на европските вредности, туку затоа што има вештачки наметнати пречки, коишто ниту еден наро, ниту една држава ги немала, како што ги имаме ние – изјави Мицкоски порачуваји македонските граѓани да бидат сигурни дека ќе се борат и ќе се изборат за македонските национални интереси.

На новинарско прашање дали ставот што го има, околу уставните измени со одложено дејство може да биде дел и од разговорите во Брисел, Мицкоски со одговор дека не би сакал да коментира, но оти се јасни позициите на Владата по ова прашање.

Не би сакал да коментирам, позицијата на ВМРО ДПМНЕ, позицијата на Владата е јасна. Мојата позиција е јасна. Доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и на бакнување на чевли. Сега имаме политика и дипломатија, која што се темели на двонасочна улица. Сакам да збориме за вредности, за почитување на човекови права и да знаеме ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во таа 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската унија – изјави Мицкоски.

Се останато, дополни, се приказни и замки на коишто како Влада, а ниту пак јас како човек имам намера да наседнувам.

Мицкоски присуствуваше на означување почеток на доградба на ОУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.