Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, потрошил дури 70 милиони долари за нов, приватен авион, но огромните трошоци за одржување на сите им паѓаат в очи.

Од играњето во НБА заработи 90 милиони долари, но вистинското богатство го „собра“ од соработката со „Најк“ и со „Гаторејд“. Ова му донесе дури 2,4 милијарди долари, а „Форбс“ ја проценува неговата нето-вредност на дури 3,2 милијарди долари. Сето ова му овозможува да живее луксузен живот, вклучувајќи го и фактот дека може да потроши неколку милиони долари само за одржување на приватниот авион. Поточно, треба да се одвојат повеќе од 1,8 милиони долари годишно за 200 часа лет, само за одржување на авионот, кој вклучува гориво (727.000 долари), екипаж (343.000 долари), ремонт на моторот (191.000 долари) и осигурување (57.000 долари).

Се разбира, трошоците за одржување се удвојуваат до речиси три милиони евра годишно за 400 часа лет.