Мегаскандал ги тресе Олимписките игри, и на крајот целиот случај е завршен. Имено, Австралиецот Том Крег е казнет со суспензија од 12 месеци и нема да може да спортува една година, затоа што купил кокаин во Париз!

Тој бил уапсен во текот на Олимпијадата, бидејќи бил фатен како се обидува да купи од споменатата дрога, а сега доби уште една казна.

Познато е дека тој ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци. Доколку се процени дека ги почитувал сите мерки што му биле поставени, можеби ќе му биде скратена втората половина од казната. Австралиската федерација објави дека неговата суспензија почнала на 9 септември, па го очекуваат во составот за репрезентативните акции во 2025 година.

Крег беше фатен како се обидува да купи кокаин откако го загуби Австралија четвртфиналниот натпревар од Холандија, која се закити со олимпиското злато на крајот. Крег беше еден од најдобрите играчи на Австралија, играјќи како играч од средниот ред и постигнувајќи еден гол на Олимпијадата, во поразот од Индија со 3:2.

  • Крег ќе мора да помине тренинг и едукативни програми како дел од својата  казна. Том има пристап до сите наши услуги и програми во текот на суспензијата и неговата состојба е наш приоритет – се вели во соопштението на Австралиската федерација.

Досега, во кариерата има над 100 настапи за националниот тим, а го освои и среброто на Олимписките игри во Токио. Има и бронза од Светското првенство и четири злата од првенството на Океанија.