Еден од најдобрите снукер играчи во светот, Марк Ален, освои вкупно 11 големи титули во кариерата, а само од наградни фондови до 2022 година заработи четири милиони евра. Сепак, на крајот прогласи банкрот. Сè се случи во текот на 2022 година, кога поради разводот едноставно банкротирал.
- Ова беше единствениот начин да се спасам, да прогласам банкрот. Се срамам да кажам дека сега живеам под кирија. Порано трошев пари пред да ги заработам, веднаш запишував се и сето тоа кулминираше со многу, многу скап развод. Единственото нешто за кое размислувам е да се ставам себеси во ред, изјави Ален за „Би-Би-Си“.