Малолетник уапсен за обид за убиство во Нов Белград: Со чекан го удирал по главата

182

Седумнаесетгодишниот Ф.Т., е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Н.К.(23) во Нов Белград кога го удрил со чекан во главата.

Тој вчера беше уапсен во соработка со Виш јавен обвинител за малолетници.

Н.К најверојатно го познавал неговиот напаѓач бидејќи му се јавил на мобилниот телефон и го замолил да излезе од станот во Нов Белград.

На улица го пречекал напаѓачот кој со чекан го удрил неколку пати во главата.

Неофицијално, Н.К успеал да се јави во итната помош и да каже дека бил претепан.

Тој е примен во КБЦ „Земун“ во тешка состојба со фрактура на черепот. Повредите се опасни по живот.

Н.К. е познат на полицијата во Белград и приведуван поради наркотици.