Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ почина на 72-годишна возраст. Познатиот фронтмен на Рибља чорба беше голем фан на Црвена Звезда, а во емисијата „Ѕвезда је живот“ откри како како млад бил блиску до остварување на сонот и настап во дресот на клубот од Маракана.
Познатиот фронтмен на Рибља чорба, не само што беше познат музичар туку и голем љубител на фудбалот. Неговата страст за спортот беше толку силна што откри дека како млад бил многу блиску до остварување на својот сон да игра за Црвена звезда како голман. Сепак, како што самиот истакна, сфатил дека тоа ќе биде преголема одговорност за него, бидејќи како што рече „голманите и тапанарите мора да бидат луди“.
– Бев голман, за малку ќе отидов во Црвена звезда да бранам, но тоа ќе беше голема одговорност за мене. Голманите и тапанарите треба да бидат луди, па знаете колку пати топката ги удира во глава… А, тапанарите цел живот гледаат во пејачот пред себе и кажуваат ‘зошто јас не сум таму’. Така почнаа да пеат многу тапанари, некои успешно, некои помалку. Фил Колинс беше успешен тапанар, одличен. Пит Габриел и многу други – изјави Бора.
Иако Бора Ѓорѓевиќ се прослави како музичар, малкумина знаат дека тој своевремено бил активен и на фудбалските терени. Тој откри дека играл за ФК Пекар, кој потоа од Првата белградска лига влезе во белградската зона. Почнувајќи како четврти голман, успеа да напредува на позицијата прва резерва, а своите настапи ги опиша со многу дух и самокритика. Неговата приказна за неговата фудбалска кариера сигурно ќе остане запаметена како уште една интересна карактеристика во биографијата на овој легендарен музичар.
Бора Ѓорѓевиќ со својот пример покажа како уметноста и спортот можат да одат рака под рака. Неговата љубов кон фудбалот, како и искрените осврти за неговите фудбалски денови, се уште еден доказ за тоа колку талентот и страста се универзални и како можат да се изразат на различни начини, без разлика на полето на активност.