Македонската репрезентативка Сара Ристовска предвреме ја напушти македонската репрезентација за да ѝ се посвети на ЦСКА од Москва, во рамки на рускиот Куп, но нејзината „одјава“ од националниот тим и се исплатеше.

Нашата селекција на едно коло пред крајот на квалификациите веќе имаше обезбедено пласман на ЕП, а тоа ѝ даде шанса на Ристовска да се посвети на клупските обврски и да го одигра еден од најважните мечеви во сезоната.

ЦСКА во драматичното финале славеше над Ростов со минимални 30:29, а нашата репрезентативка имаше голем придонес во победата постигнувајќи четири голови. Покрај трофејот обезбеди и место во идеалниот тим и беше прогласена за најдобро десно крило на турнирот.

За ЦСКА Москва тоа е трет трофеј во Купот на Русија. Претходните два беа освоени во 2023 и 2022 година.