Mеѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“ по 15 пат

90

Во присуство на десетина млади ликовни уметници и организаторите од Здружението на ликовни уметници „Драудакум“ означен е почетокот на годинашното издание на Меѓународната ликовна колонија Гостивар 2020.

Годинашното петнаесетто издание има најмногу учесници, но поради пандемијата поголемиот дел своите дела ќе ги творат во домашни услови. Помладите уметници творат во хотелот „Панорама“ во близина на Гостивар.

Претседателот на здружението „Драудакум“, Решат Амети, рече дека уметничката колонија е голема вредност за градот Гостивар, па затоа решиле оваа година да ја одржат покрај условите кои ги наметна пандемијата.

Годинава на колонијата учествуваат 70 уметници од целиот свет кои делата ќе ги творат во нивните ателјеа и од дома. По завршување, ќе се организира групна изложба.

Меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“ е поддржана од Министерството за култура и Општина Гостивар.