Живее со години во Белград, родена е сестра на пејачката Сенка Велетанлиќ и тетка на познатиот македонско-српски џез-музичар Васил Хаџиманов, додека нејзин зет е нашиот славен Зафир Хаџиманов

Таа зад себе има испеано многу, многу хитови, безвременски: Мило моје, Ти си човек мој, Адио љубави адио, Златни дан, Ручак за двоје, Једно лето касно, Никад више…, а името ѝ е Бисера Велетанлиќ. Името кое и ние во Македонија добро го знаеме по макфестовскиот хит “Да си мерак песна“, име кое со златни букви е запишано во историјата на југословенската забавна музика.
Инаку, белграѓанката Бисера е родена сестра на пејачката Сенка Велетанлиќ и тетка на познатиот џез-музичар Васил Хаџиманов, а нејзин зет е нашиот Зафир Хаџиманов. Токму таа Бисера деновиве пред својата публика, но и пред своите многубројни колеги, во Загреб, го промовираше своето ретроспективно ЦД во издание на хрватската дискографска куќа “Кроациа-рекордс“(поранешен “Југотон“). Дека Бисера не е заборавена и дека со својата појава привлекува интерес сведочат и голем број новинари кои дојдоа на промоцијата.

Самата таа, забележително расположена, насмена, распеана, комуникативна но и трогната, не криејќи ги своите солзи радосници кога дојдоа до неа да ја прегрнат и бакнат нејзините добри колешки Габи Новак и Тереза Кесовија со кои Бисера помина безброј естрадни километри.
Не беа кај Бисера присутни само ѕвездите од поранешната југословенска музичка сцена, туку дојдоа и некои нови веќе докажани естрадни имиња, како на пример новосадската женска група “Фрајле“. Девојките не можеа да останат без коментар, велејќи дека Бисера покрај Тереза, Габи, Арсен, Оливер, Тоше и Здравко за нив е омилена пејачка, но и пример како треба да се работи оваа работа ако сакаш да траеш со години. Честитки на самото место на Бисера ѝ упатија и уште многу други меѓу кои и Корнелије Ковач, Ибрица Јусиќ, новинарите и музичарите.

Навистина, да ја слушаш Бисера тоа значи дека нејзината песна ти е за вистински мерак!   Дуле М.