Mилошоски го пријави Азири во полиција поради закани за физичко насилство

283

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ моментно е во Полициска станица Центар каде поднесува пријава против Валмир Азири од ДУИ, државен секретар во Министерството за култура, кој преку социјалните мрежи се закани со физичко насилство.

Во моментов, пратеникот Антонио Милошоски се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде пред надлежен началник го пријавува  функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, за синоќа искажаните закани за физичко насилство кон Милошоски.

Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.

„Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Мина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, напиша Азири на Фејсбук во реакцијата по вчерашниот инцидент на собраниската Комисија за европски прашања на која претседателот Арбр Адеми, во еден момент, почна да фрла предмети кон опозицијата.

Денеска постот го нема на фејсбук на профилот на Азири.

Ова е по вчерашниот инцидент во Собранието, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети, а Азири порача: „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, пишувало на постот.

 

Инцидент на Комисијата за европски прашања:Жестока кавга меѓу Адеми од ДУИ и опозициските пратеници од ВМРО ДПМНЕ/видео