Mешањето различни вакцини за засилувачката доза дава подобри резултати

205

Луѓето кои примиле две дози од вакцините за коронавирус Џонсон и Џонсон, имале посилен имунолошки одговор кога ја примиле третата доза на Фајзер или Модерна, покажала студијата на американскиот Националниот институт за здравство.

Како што наведува агенцијата Ројтерс, студијата е прелиминарна и не е рецензирана, и претставува најнов предизвик за напорите на Џонсон и Џонсон да ја користат нивната вакцина против коронавирус како засилувачка доза во САД.

Студијата, во која беа вклучени повеќе од 450 возрасни лица кои ги примиле првите дози на вакцини Фајзер, Модерна или Џонсон и Џонсон, покажала дека „мешањето и усогласувањето“ бустер дози на различни видови вакцини е безбедно за возрасните, пренесува Ројтерс.

Американските здравствени службеници беа под притисок да дадат совети за бустер дозите на вакцините на Џонсон и Џонсон и Модерна, откако Белата куќа во август објави дека планира да воведе имунизација со дополнителна доза вакцина за повеќето возрасни лица.

Мешањето и прилагодувањето на вакцините за третата доза предизвика слични несакани ефекти како и оние од вакцинацијата со исти вакцини и не предизвикаа значителни безбедносни проблеми, се вели во студијата.

Студијата на трите вакцини против коронавирус, моментално одобрени во Соединетите држави, покажа дека користењето различни видови вакцини како трета доза, генерално, произведува стандарден или повисок имунолошки одговор на антитела отколку користењето ист тип на вакцина.