“Mега” нуди адреналински атракции

42

Скопје доби нов забавен адреналински парк „Мега“, што е лоциран веднаш до СЦ „Борис Трајковски“. Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити.

Главни атракции во „Мега“ се камикази, кулата висока над 100 метри, лечкиот килим, брејк денс, ентерпрајз, куќата на стравот и поп старс – возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.

Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17 часот, во петок до 1 часот, додека во сабота и недела од 10 до 1 часот по полноќ.