Јелена Карлеуша со семејството вклучувајќи го и сопругот Дуле, деновите ги помина на кус одмор на море, пред тој да замине за Кина, поради новиот фудбалски ангажман. Таму на море им се случи и мал проблем, летен малер.

Дуле невнимателно нагазил на морски еж, па грижната Јеца мораше да изигрува медицинска сестра, додуше во костум за капење, на лице место.
Трудејќи се да ја пронајде бодликава игличка во стапалото на Дуле, Јелена му одржа и неколку лекции, велејќи му: “Ако ти е, и другпат влегувај во море без апостолки“.

Пријателите ја посоветувале да не биде толку заедлива, туку ако знае на Дуле да му го спасува стопалото, да не загнои.
-Тоа стапало со се неговите златни фудбалски нозе ти носат милиони евра со кои ти живееш на висока нога, отворено и префрлуваа пријателите и роднините на популарната пејачка.

Дуле, сепак мораше да побара стручна медицинска помош!   Д.М. /foto:Instagram/