EPA-EFE/CJ GUNTHER

Поранешната НБА-ѕвезда, Кевин Гарнет, го пофали Лука Дончиќ пред третиот натпревар од финалето меѓу Далас и Бостон.

Бостон селтикс води во финалната серија против Далас маверикс, а деталната анализа што ја даде Кевин Гарнет ги воодушеви сите.

Лука Дончиќ беше многу добар и единствениот играч на Далас со повеќе од една тројка на првите средби од финалната серија и Кевин Гарнет го забележа сето тоа.

Гарнет беше предводник на генерацијата на Бостон што го освои последниот шампионски прстен во 2008 година, а младиот Словенец го воодушеви со игрите, па го спореди со Леброн Џејмс во поткастот „All The Smoke“.

  • Слушај, Лука е единствениот што може да го стигне Леброн Џејмс во моментов и никој не сака да го каже тоа с*ање – истакна Гарнет.

Пол Пирс, човекот кој беше МВП на финалето во 2008 година, вели дека Дончиќ веќе стигнал на врвот од кариерата и дека ќе трае тоа уште долго.

  • Тој веќе го достигна врвот, јас сум 100 % сигурен. Мора да разберете дека тој игра професионална кошарка од 16 години, а сега има 25. Прашање е само колку долго ќе биде на врвот, но веќе пет пати беше избран во идеалната петорка на НБА и за прв пат во својата втора сезона, кога дојде во лигата, дојде и на врвот – додаде Пирс.