EPA-EFE/Quique Garcia

Кошаркарската селекција на Литванија и официјално доби нов селектор за дуелот против Македонија, кој ќе се одигра во ноември, во СРЦ „Кале“, во рамките на квалификациите за Евробаскетот во 2025 година. Станува збор за Римас Куртинаитис (64), кој ќе го наследи Казис Максвитис на оваа функција, а неговиот договор ќе биде до Олимпијадата во Лос Анџелес, во 2028 година.

Назначувањето на Римас Куртинаитис доаѓа по неколку разочарувачки резултати за Литванија, како што се 15. место на Евробаскетот 2022 година и неуспехот да се квалификува за ЛОИ во Париз, претходно оваа година.

Како што споменавме, Куртинаикис ќе дебитира на чело на тимот во ноември, против Македонија, во СРЦ „Кале“.