ГРЦИЈА: Лежалка поскапа од кревет

2225

Во некои делови во популарните одморалишта во Грција изнајмување на лежалка во прв ред до море чини и до 60 евра, што е практично колку ноќевање во апартман.

Следбеник на Фејсбук групата Live from Greece сподели информација каква е моменталната ситуација во Кефалонија, на плажата Коста Коста.

Чадор и две лежалки од 1 јули до 31 август чинат 40 евра, но за првиот ред лежалки треба да платите 60 евра, а за вториот ред 50 евра.

Речиси секоја туристичка агенција, како и порталите посветени на летните одморалишта, секогаш укажуваат дека цените на лежалките и чадорите на плажите не треба да ги загрижуваат туристите бидејќи, според нив, секогаш има дел од плажата каде што можете да поставите ваш сопствен чадор и пешкир.