Легендарниот Роберто Баџо нападнат од провалници: Бил ограбен и претепан

766
epa04379944 Former Italian player Roberto Baggio in action during the Interreligious 'Match for Peace' at the Olimpico Stadium in Rome, Italy, 01 September 2014. The match has been organised by Pope Francis upon the pope's appeals for an end to conflicts around the world. EPA/ALESSANDRO DI MEO

Легендарниот фудбалер Роберто Баџо бил ограбен и заробен откако провалници упаднале во неговиот стан додека го гледал натпреварот на Италија против Шпанија на Европското првенство во Германија.

Полицијата соопшти дека пет маскирани и вооружени провалници упаднале во вилата на Баџо, а поранешната „десетка“ на Италија не седел со скрстени раце.

Баџо ги нападнал и им се спротивставил, а во тепачката бил повреден. Провалниците го совладале, а потоа го затвориле во плакар со членовите на семејството. Потоа краделе часовници, накит и други вредни предмети.

Полицијата успеала да реагира дури кога Баџо некако се ослободил, излегол од плакарот и ги повикал. Тој бил итно примен во болница на лекување, а сега полицијата го истражува овој случај.

Роберто Баџо во својата кариера настапуваше за Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша, а за Италија настапуваше од 1988 до 2004 година. Како играч на Јувентус ја освои Златната топка во 1993 година, а фудбалот му одзеде многу. Денеска на 40 години избегнува да игра фудбал со другарите и ретко присуствува на хуманитарни натпревари.

– Не игра откако се пензионираше. Дури и кога игра со нас во дворот, по вториот дриблинг се откажува, бидејќи има силни болки и се плаши повторно да не се повреди. Не знам што би дала за да го видам на теренот уште 90 минути. Ми недостига возбудата да го гледам како трча кон голот, дрибла, успорува и потоа… гол! Таа радост, врескавме како луди – изјави неговата ќерка Валентина во претходно интервју.