EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, во оваа фаза од кариерата има различни приоритети во животот, а тие не се стриктно поврзани со постигнување резултати на теренот. По победата над Мемфис, Леброн изјави дека неговото здравје е најважно, поважно од борбата на неговиот тим за плејоф.

„Езерџиите“ практично обезбедија пласман во плејофот, а во моментов, на девет меча до крајот, се деветти на Западот, со тоа што теоретски можат да стигнат до шестото место и да ги прескокнат плејин натпреварите.

  • Морам да бидам паметен. Ако не сум здрав, ако не сум ни блиску до тоа, не е добро за целиот тим, рекол Џејмс за тоа како „се справува“ со своето тело.

Леброн се врати во тимот против Мемфис откако одмори на натпреварот со Милвоки поради оток на зглобот – проблем што го мачеше во поголемиот дел од неговата кариера.

Фактот што Џејмс не ризикуваше против Бакс, иако можеби беше во игра, е јасен знак дека не сака да ризикува ниту еден момент, заради подобар тимски пласман.

  • Мислам, веројатно можев да играм против Милвоки ако требаше, тоа беше голем натпревар за нас, истакна Џејмс, кој пропушти десет натпревари оваа сезона.

Џејмс сè уште не пропуштил ниту еден плејоф натпревар во кариерата и сака да ја продолжи таа серија и оваа сезона. Затоа го штити телото во најважниот дел од сезоната.

  • Морам да гледам тактички, морам да ја следам состојбата на зглобот, како се чувствувам. Во секој случај, морам да бидам паметен за тоа, тоа е јасно. Ние сме тука каде што сме, но здравјето на играчите секогаш мора да биде на прво место. Секогаш морам да внимавам на тоа, заврши „Кралот“.