epaselect FRANCE PARIS 2024 OLYMPIC GAMES

Леброн Џејмс важи за еден од најдобрите кошаркари во историјата, но ниту самиот не сака да остане запаметен само по својата кошаркарска кариера. Тој во декември ќе наполни 40 години и веќе почнаа да се бројат последните години на теренот, а сè започна во 2003 година кога пристигна во најсилното клупско кошаркарско натпреварување.

Леброн е најдобриот поентер во НБА лигата во историјата, има четири шампионски титули (две со Мајами и по една со Кливленд и Лејкерс) и го освои премиерниот НБА Куп во 2023 година.

На Ол-стар натпреварот беше 20 пати, а дури 13 пати беше именуван во идеалната петорка на лигата и пет пати беше член на најдобрата одбранбена петорка.

За време на гостувањето во поткастот „The Shop“, тој зборуваше за тоа како би сакал идните генерации да го паметат.

  • Постојано размислувам за тоа како би сакал да ме паметат. Се надевам дека нема да биде само од кошарката. Ако ме паметат по кошарката, тоа значи дека сум потфрлил. Сите работи што ги правам за мојата заедница, како јас и Савана воспитуваме деца, односот што го имам со самохраната мајка која ме воспита и пријателството што го дадов на мојот роден град… Ако луѓето не зборуваат за тие работи, тогаш мојата мисија пропадна во однос на кошарката. Јас сум стар човек, но млад сум во животот, имам многу да направам и сè уште го градам својот пат, истакна Леброн Џејмс.