Лавров го предупреди Западот: Не си играјте со оган

531
EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека разговорите за дозволување на Украина да користи оружје што го дава Западот за удари длабоко во Русија, всушност тие си „играат со оган“ што може да има опасни последици.

„Тие зборуваат за овластување на вооружените сили на Украина да користат западни ракети со долг дострел за да напаѓаат длабоко во руска територија. Ова играње со оган може да доведе до опасни последици“, предупреди Лавров во интервју за „Њузвик“.

Лавров потсети на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој истакна дека Москва ќе донесе соодветни одлуки врз основа на заканите од Западот, пренесува ТАСС.

„Како што рече претседателот Путин, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на нашето разбирање за заканите што ги носи Западот. Ваше е да донесете заклучоци“, нагласи Лавров.

Како што претходно изјави Путин, земјите на НАТО сега разговараат не само за можноста Киев да користи западно оружје со долг дострел – тие всушност одлучуваат дали директно да се вклучат во ситуацијата во Украина.