Крушево е трета топ светска дестинација во параглајдинг и во змејарствo

83

Крушево е трета топ светска дестинација во параглајдинг и во змејарствo.

– Крушево го презема своето водство како организатор на многу меѓународни натпревари, вклучително светски и европски натпревари. Тоа значи дека станавме една од најбараните дестинации за авантуристички туризам во светот – дециден  е градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.

Тој информираше дека се реализирани повеќе проекти меѓу кои е изградбата на параглајдинг центар, безбедно и оспособено полетувалиште. Исто така е подготвена брифинг зоната, а изграден е и паркинг.

– Се реализираше и проектот за реконструкцијата на патниот правец од Порта до Мечкин Камен, со што го олеснивме пристапот на возилата до полетувалиштето – потенцираше Христоски.

Веќе во наредниот месец се натпреварите: Hungarian Krusevo Open 2024, од 30 јуни до 6 јули, Flymaster Open 2024 од 7  до 13 јули и German open 2024 од 15 до 20 јули.