Коста Кецмановиќ момчето-убиец денеска сведочеше во Специјалниот суд во постапката против неговите родители, а како што пренесоа српските медиуми тој рекол дека неговата мајка била причината за масакрот што го направил.
Според изворот на Србија данас, момчето изнесе нови детали кои, според него, го навеле да го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година.
„Беше лута што не бев најдобар. Бев лут на неа што постојано го бараше, тоа влијаеше да направам масакр. Таа ми викаше и ми вршеше притисок“. Нејзиното однесување влијаеше да го направам тоа што го направив“, истакна момчето убиец.
Според информациите од судницата, момчето го спомнало и пиштолот на татко му од кој пукал во своите врсници.
„Да го немав пиштолот на татко ми, немаше да го сторам ова“, оружјето ми беше на дофат“, вака наводно изјавил Коста во Специјалниот суд додека сведочеше во постапката против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ.
Следното рочиште е закажано за 17 октомври во зградата на Специјалниот суд во Белград.
Коста Кецмановиќ во судницата за првпат откри зошто ги уби другарите!