Косовската полиција запре комбе на Пошта на Србија на преминот Јариње

32

Српската пошта денеска соопшти дека косовската полиција на административниот премин Јариње запрела комбе на Пошта Србија со писма, кое сообраќа на редовната линија на транспортната линија Рашка – Грачаница.

Како што наведуваат од Пошта на Србија, запирањето комбиња и приватни пратки за жителите на Косово следува по вчерашната рација во девет филијали во четири општини на северот на Косово кои од вчера се затворени, а документите одземени, додека директорот и менаџерите однесени на информативно интервју.

„Последната акција на косовската полиција ја влошува состојбата и ја зголемува загриженоста кај српското население, затоа укажуваме на итноста за решавање и смирување на тензиите, суспендирање на сите дејствија кои се против претходно постигнатите договори и овозможување непречено функционирање на поштенскиот сообраќај во северот на Косово и Метохија“, соопштија од Пошта на Србија.