Континуирано се одржува хигиената на 6 милиони квадратни метри површина во Скопје

309

Oд јавното претпријатие Комунална Хигиена тврдат дека континуирано ја одржуваат хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје, што подразбира нивно секојдневно метење и миење.

-Јавната хигиена во строгиот центар на градот се одржува седум дена вонеделата, во три смени. Со цел – одржување на максималното ниво на чистотата на јавните и насообраќајните површини, претпријатието спроведува машинско миење со автоцистерни на сите булевари и поголеми улици во градот, како и рачно миење, машинско и рачно метење на најфреквентните јавни површини: улицата „Македонија“, централниот плоштад „Македонија“ и помалите плоштади „Филип Втори“, „Мајка Тереза“ и „Богородица“, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје, Старата скопска чаршија и кејот „13 Ноември“ – децидни се од ЈП Комунална Хигиена.