Комплетно се реконструира улицата „Илија Димовски-Гоче“

29

Градежната механизација деновиве активно работи на целосна реконструкција на улицата „Илија Димовски-Гоче“ во Аеродром, сообраќајница што се протега на двете страни од булеварот.

Од Општина Аеродром информираат дека проектот за обнова на улицата вклучува целосна замена на тампонтскиот и асфалтен слој, изведба на нови тротоари со павер елементи, како и поставување нова вертикална и хоризонтална сигнализација.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.

– Со реализацијата на овој проект се унапредува сообраќајната инфраструктура во Општината и се подобрува безбедноста во сообраќајот во Аеродром – велат од локалната самоуправа.