Многумина кои работат во Германија добиваат мала пензија и покрај годините на работа. Ви пренесуваме колку треба да работите за пензија од 1.200 евра.

Секој со просечен приход мора долги години да уплаќа во пензискиот фонд за да го достигне егзистенцијалниот минимум во староста.

Пресметката на Министерството за труд и социјала покажува колку години треба да работите за да добиете пензија од 1.200 евра, јавуваат германските медиуми.

Според новата пресметка на германското Министерството за труд и социјална заштита, просечниот примател мора да уплаќа во пензискиот фонд повеќе од 27 години за да добие старосна пензија над нивото на социјалната помош. Вкупно мора да уплатат најмалку 83.600 евра придонеси, пишува Феникс Магазин.

Се претпоставува дека работниците во текот на целиот свој работен век оствариле приходи кои одговараат на просекот на осигурените лица.

Основното осигурување за старост варира во зависност од тоа каде живеете, бидејќи ги зема предвид и трошоците за сместување.

Просечното основно осигурување на крајот на 2022 година изнесувало околу 862 евра месечно. За да се добие пензија од 1.200 евра месечно, просечниот работник треба да има околу 37 години и шест месеци стаж и да уплати околу 105.000 евра пензиски придонес, пренесува abcportal.info.

За пензија од 1.500 евра

За да добие пензија од 1.500 евра, просечниот работник би требало да работи околу 47 години и да уплати околу 118.000 евра во пензискиот фонд. А, тоа всушност, многу малку луѓе успеваат.

„Платите и пензиите се непропорционални. Не произлегува доволно од она што луѓето го плаќаат“, рече Серен Пелман, од германскиот Бундестаг и додаде дека на земјата и треба голема пензиска реформа.