Колапс на Евзони, ПАДНА СИСТЕМОТ – на граница се чека повеќе од три часа

2145

На граничниот премин Евзони на влезот во Грција се создаде огромна гужва, а како што информираат српските туристи кои моментално се во долга колона, паднал комјутерскиот систем на границата.

Туристите кои се наоѓаат нз граничниот премин во Фејсбук групата „Грчка инфо“ јавуваат дека кај Евзони во моментов се чека три и пол часа, а ништо подобра не е состојбата и на „алтернативниот“ премин Дојран, каде возилата се задржуваат повеќе од два часа.

Долги колони возила чекаат и на граничниот премин Прешево, на влезот од Србија кон Македонија, како што може да се види на камерите на Српскиот автомобилски сојуз.