Колапс на енергетскиот систем: ПОЛОВИНА БАЛКАН ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА!

311

Речиси целата област на Црна Гора е без струја поради прекини на мрежата, соопштија од ЦЕДИС.

Компанијата ЦЕДИС соопшти дека снемало струја поради прекин на мрежата на Црногорскиот електропреносен систем (ЦГЕС).

Во дел од Подгорица се стабилизира системот и граѓаните добија струја.

Исто така, регионалните медиуми пишуваат дека струјата нема низ цела Босна и Херцеговина.

Како што велат, во Сараево застанале трамваите, а семафорите не работат. Без струја се и многу други градови – Тузла, Брчко, Бањалука, Бјелина, Мостар, Зеница…

Хрватските медиуми јавуваат дека поширокото подрачје на Далмација во Хрватска, вклучително и неколку поголеми крајбрежни градови, останало без струја во 12.25 часот.

Албанската „Газета Шбалти“ јавува дека без струја останале и бројни градови во таа земја, меѓу кои Тирана, Драч, Скадар, Саранда…