Која е 26 години помладата сопруга на медиумскиот магнат Руперт Мардок (93)? И таа и нејзината ќерка сакаат само милијардери!

1780

Руперт Мардок се ожени по петти пат на 1 јуни 2024 година. Претседателот на компаниите Фокс и Њуз Корп се ожени со Елена Жукова (67), научничка во пензија, која наводно ја запознал преку неговата трета жена.

Двојката првпат се поврза во август 2023 година, кога беа забележани на одмор на мега јахта во Медитеранот, на фотографиите што го објави Дејли Мејл. Свршувачката на Мардок и Жукова беше објавена во март 2024 година, заедно со извештаите дека парот ќе се венча во јуни.

Ова е петтиот брак на медиумскиот магнат и шесто запросување – Ен Лесли Смит ја раскина свршувачката две недели откако тој ја запроси во март 2023 година.

На раскошната венчавка, која се одржала на имотот на Мардок Морага во Бел Ер, присуствуваа многу богати гости, а самата церемонија наводно се одржала во неговото лозје, пишува Дејли Меил. Гостите на свеченоста пристигнувала со луксузни автомобили, како Бентли и Јагуар, а на венчавката присуствувале и сопственикот на Њу Ингланд Патриотс Роберт Крафт со сопругата Дана Блумберг, извршниот директор на „News Corp“ Роберт Томпсон со сопругата Ванг Пинг и многу други.

Мардок чие богатство се проценува на околу 20 милијарди долари, првпат се ожени во 1956 година, тогаш како 25-годишник со Патриша Букер, со која го доби своето прво дете во 1958 година. Потоа се ожени со Ана Марија Торв во 1967 година, Венди Денг во 1999 година и Џери Хол во 2016 година.

За време на неговите различни бракови има вкупно шест деца.

Која е руската научничка?

Откако ја напушти Русија во 1991 година, Елена Жукова живее во Америка повеќе од три децении. Работела како молекуларен биолог, што ја навело да го проучува дијабетесот во институции како што е Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

Жукова и Мардок наводно се запознале преку неговата трета сопруга Венди Денг, пишуваат The Hollywood Reporter и The New York Times. Милијардерот и Денг беа во брак 14 години пред да се разведат во 2013 година.

Жукова претходно беше во брак со рускиот нафтен милијардер Александар Жуков, наведува „Би-Би-Си“. NY Times пишува дека Жукова го запознала нејзиниот прв сопруг, кој сега е британски државјанин, кога и двајцата биле студенти во Советскиот Сојуз.

Според медиумите, научничката и нејзиниот прв сопруг биле заедно три години пред да се разделат.

За време на бракот, Жукова и Александар во 1981 година добија едно дете, ќерката Даша Жукова. Даша е филантроп и претприемач.

Таа претходно беше во брак со рускиот олигарх и поранешен сопственик на ФК Челзи, Роман Абрамович 10 години, пред да го објават нивниот развод во август 2017 година. Тие имаат две деца заедно. Во јули 2019 година, Даша се сврши со Ставрос Ниархос, син на грчкиот милијардер Филип Ниархос, и на крајот се венчаа во јануари 2020 година во Сент Мориц. Во март 2021 година, парот го доби своето прво дете.