Koja наша пејачка се враќа со хитот “Ем го мразам, ем посакувам”?

47

“Ем го мразам, ем посакувам” е голем хит на пејачката Елизабета Јосифовска, а песната сега доби и спот. Се снимаше во Охрид, нејзиниот омилен град, каде што живеела долги години.
– Идејата беше одамна. Сакав да направам спот, меѓутоа некако се пролонгираше сè, па заминав во Австралија, но желбата сега ми се оствари после толку години на барање на многу луѓе кои инсистираа да направам спот. Едноставно кажано луѓето ја сакаат таа песна, раскажа Елизабета за “Естрада плус“. -Сега на Фејсбук моите фанови кои ми пишуваат навистина се презадоволни, пресреќни што еве песната доби конечно и свој спот, вели убавата Елизабета.
Таа воедно и го најавува своето големо навраќање на македонската музичка сцена. – Со оваа песна, која беше хит, повторно се враќам на сцената. Едвај чекав, меѓутоа нема да биде само спотот. Се снимаат и нови песни и тоа во студиото “Лунар акустикс”. Снимам заедно со мојот син, па во најскоро време ќе можете да слушнете мои нови песни.
Хитот “Ем го мразам, ем посакувам” е дело на (покојниот) текстописецот Владимир Нејашмиќ-Бато, а музиката и аранжманот се на познатиот Горан Алачки.