EPA/WU HAO

Кинеско-американската олимпијка Алиса Лиу го освои златниот медал на натпреварувањето во уметничко лизгање за жени на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, со што САД го добија првото олимписко злато во оваа дисциплина по речиси четврт век, последен пат беа шампиони во 2002 година.

Актуелната светска шампионка доби 150,20 поени во слободната програма. Во комбинација со 76,59 од кратката програма, таа го заврши натпреварувањето со вкупно 226,79 поени, што ѝ донесе убедлива победа.

Иако нејзината програма немаше највисока техничка содржина меѓу натпреварувачките тој ден, судиите високо ги оценија чистотата на елементите и целокупната изведба, што ѝ го донесе најдобриот резултат во сезоната. Предноста во однос на најголемата конкурентка беше нешто помалку од два бода во генералниот пласман.

EPA/WU HAO

Сребрениот медал го освои Јапонката Каори Сакамото, која доби 147,67 бода за слободната програма и со 77,23 бода од кратката програма, го заврши натпреварувањето со вкупно 224,90 бода.

Бронзениот медал ѝ припадна на седумнаесетгодишната Јапонка Ами Накаи. Таа беше водечка по кратката програма со 78,71 бод, но во слободната програма доби 140,45, што беше деветти резултат вечерта. Сепак, збирот од 219,16 бода беше доволен за третото место. Со овој триумф, таа стана првата Американка што освоила олимписко злато во уметничко лизгање за жени, по Сара Хјуз на Олимписките игри во Солт Лејк Сити. Поединечното злато беше нејзин втор највисок медал во Милано, откако претходно беше дел од американскиот тим што триумфираше на екипниот натпревар, потврдувајќи го нејзиниот статус како една од најуспешните лизгачки на Игрите.

Таа била шампионка на САД на 13 години, кога го напуштила уметничкото лизгање, на 16 години се вратила и четири години подоцна го освои олимпиското злато. Таа има интересна приказна, бидејќи нејзиниот татко, Артур Лиу, избегал од Кина во 1990 година и се преселил во Калифорнија откако учествувал во познатите протести на „Тјенмен“.

 

ИЗДВОЕНИ