EPA-EFE/Henning Bagger DENMARK OUT

Екипата на Алборг се пласира директно во четврт-финалето од Лигата на шампионите, откако одигра нерешено на домашен терен, со Киелце, 35:35 и ја задржа предноста од два бода во однос на ПСЖ, кој го совлада ПИК Сегед, во Париз, со 37:33. „Светците“ полека се загреваа и бавно го фаќаа потребниот ритам, но во второто полувреме, со рутинска игра го завршија мечот во своја полза.

Кил ја оправда фаворитската улога и, пред своите гледачи, убедливо го совлада Загреб со 33:22. Германскиот гигант без проблеми го потврди првото место во групата А и со 22 бода патува директно во четврт-финалето.