Дете е киднапирано во Црна Гора, објавија локалните медиуми. Американската државјанка Трејси Шенон Лин, која веќе четврта година е постојан жител на Бар, денеска пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка Зинлеа Рајан била киднапирана од нејзиниот татко Томас Холенбек.
Таа наведува дека Томас илегално ја преминал црногорско-албанската граница со нивната шестгодишна ќерка. Преку американската амбасада во Подгорица била известена дека тој побарал пасош за детето во американската амбасада во Тирана. За киднапирањето на детето бил информиран Интерпол.
Шенон за Приморски портал изјави дека утрово од Амбасадата на САД во Подгорица била информирана дека Томас Холенбек во американската амбасада во Тирана побарал да се изработи пасош за Зинлеа Рајан.
Според нејзините изјави, американската амбасада во Тирана им потврдила на колегите во Подгорица дека го виделе детето и дека физички изгледа добро.
Според Шенон, американската амбасада во Подгорица му препорачала се да пријави во полиција и Интерпол.
Интерпол треба да и наложи на американската амбасада во Тирана да побара екстрадиција на шестгодишното дете на неговата мајка во Црна Гора.
Шенон во својата изјава за полицијата, до која имал пристап порталот Приморски, навела дека Томас Холенбек е осуден за неколку кривични дела. Порталот наведува дека Шенон пред четири години се преселила од Америка со своите деца во Бар, Црна Гора.