Кејт Мидлтон објави емотивна фотографија среде битката со ракот

2108
EPA EFE ANDREW MATTHEWS

Принцезата од Велс сподели емотивна фотографија од принцот Вилијам и нивните три деца по повод неговиот 42-ри роденден со многу лична порака.

На сликата е прикажан Вилијам со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис како скокаат преку песочни дини.

„Среќен роденден тато, сите те сакаме многу! Cx“, што значи дека е лична порака од Кејт Мидлтон.

Фотографијата, која таа ја сподели на социјалните мрежи, беше направена од Кејт минатиот месец додека семејството беше во Норфолк.

Деталот кој ги растажи сите е тоа што Кејт никаде ја нема на роденденската фотографија која таа ја објави.