Како ќе изгледа судењето на момчето убиец од „Рибникар“? Тој ќе може да ги види сите, но него никој!

262

Утре, 8 октомври, Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај минатата година, во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, уби девет ученици и чуварот на училиштето, ќе биде доведен пред Специјалниот суд. Тој ќе сведочи против своите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ, како и против инструкторот за стрелање Немања Маринковиќ.

Ова ќе биде прв пат момчето да ја напушти психијатриската клиника по злосторството. Тој ќе биде донесен во придружба на психијатар, а во судница ќе биде сместен во стаклена преграда за заштитени сведоци. Неговото сведочење ќе се пренесува преку монитор, додека психијатар ќе ја следи неговата психичка состојба и евентуално ќе бара паузи. Тој ќе може да ги види сите, но него никој!

Педагогот и психотерапевт Билјана Ќулафиќ за српски „Блиц“, коментира дека пристапот кон сведочењето на момчето е во согласност со процедурите за малолетниците, нагласувајќи ја потребата од заштита на неговите права. Таа посочи дека психијатарот ќе процени како момчето се справува со стресот за време на сведочењето, со оглед на тежината на ситуацијата.

„Ова е редовна процедура кога се работи за малолетно лице. Идејата е дека тој треба да биде заштитен на некој начин. Ова не ги штити родителите на жртвите, ова го штити и детето со оглед на неговата возраст. Така што не сум изненаден а“, изјави Ќулафиќ за Блиц.

На прашањето дали мисли дека е праведно родителите на убиените деца да не го видат момчето убиец првпат по злосторството, таа вели дека тоа е прашање за нив.

„Можеби некако би им било полесно да го видат и тоа лице. Вообичаено, оние што извршиле вакви убиства, воопшто не покажуваат емпатија и тие не би можеле да очекуваат кој знае што, а јас верувам дека лицето на момчето убиец ќе биде прилично студено и смирено.

Ќулафиќ вели дека верува дека психијатарот кој ќе го придружува момчето ќе биде задолжен да следи дали тоа е преголем стрес за момчето-убиец.

„Таа едноставно ќе ја следи неговата психичка состојба. Дали може јасно да одговори или не. Можеби ќе има некаков напад на паника, затоа што сега веќе не е она момче, туку убиец кој сега мора да се соочи со она што го направи“, вели Ќулафиќ.

„Верувам дека нема да се двоуми од никаква манипулација да направи нешто на дело, можеби дури ќе се обиде и да избега“, вели Ќулафиќ.