Kултната претстава „Гејм овер“ на Кумановскиот театар – онлајн

309

Од  Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово посочуваат дека култната претстава „Гејм овер“ (Game Over) по сценарио и режија на Сашо Миленковски,  дека може да се следи и онлајн.

Оттаму информираат дека претставата е премиерно изведена од Кумановскиот театар во јануари 1993 година. Инспирирана е од драмата „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле и е препозната како прва постмодернистичка претстава во Македонија.

До 1996 година „Гејм овер“ имала над 60 изведби. Одиграна е на многу фестивали во земјава и во странство, а во 1993 година е прогласена за апсолутен победник на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во претставата играат Љубица Гојковиќ, Верица Ристоска, Горан Илиќ, Митко Апостоловски. Музиката е на Венко Серафимов, а сценографијата на Љубиша Јовановски.