Kнига: “Азилантот” – за човековите илузии

109

“Азилантот” на Арнон Грунберг е романот кој го раскажува животот на Кристијан Бек, кој е преведувач на упатства за употреба од Готинген, Германија.

Неговата тешко болна девојка, Птичка, изразува желба да се омажи со барател на азил од Алжир со цел му помогне да добие дозвола за престој. Бек веќе подолго време не се грижи многу за своите потреби и воопшто не се противи на идејата азилантот да спие во ист кревет со неговата девојка. Настаните што го доведуваат до оваа состојба се одигруваат во она што самиот го нарекува поранешен живот, кога тој и Птичка живеат во Елиат, Израел. Таму тој е писател кој има цел да ги демаскира човековите илузии. Неговата обземеност го доведува до чин на злосторство во локалниот бордел каде што тој е секојдневен посетител.

Бек ја презема одговорноста, но нема потреба да оди в затвор…