Kлубска акција на ПК Голак: Искачување на врвот Острец

81

Во организација на планинарскиот спортски клуб ,Голак од Делчево денес реализирана клубска акција за искачување на врв Острец. Како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, маршот бил во должина од 15 километри со стартна точка од делчевската населба Милково Брдо.

– Врвот Острец се наоѓа на 1.034 метри надморска висина на Осоговските планини и е дел од областа Пијанец. Во рамки на маршот се движевме покрај месностите Стар пат, Брезеска Ридина и приградското село Габрово, информираше Чучуковски.

Врвот Острец како што додаде е прв врв од каде започнуваат Осоговските планини, под кој во негова близина се наоѓаат малку познати месности.

– Под врвот се наоѓа лековитата Смрдлива вода, која е речиси непозната на пошироката јавност. Острец исто така е врв под кој од неговата северо-источна страна извираат повеќе реки меѓу кои река Црварица, Стубело и Беча реки и се реки кои ја формираат реката

Габровчица. Една од тие реки ги оделува Осоговските планини од планината Влаина, додаде Чучуковски.

Маршот, како што дополни, поминал по убав есенски ден со свежи температури и со максимално позитивни членови на клубот, за што посебно им се заблагодари за нивното учество.