Јорданов, на празникот на жената, ја посети својата класна раководителка

84

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска им го честиташе на штипјанки меѓународниот празник на жените. Исто така, со цвеќе и со скромен подарок ја посети својата класана раководителка, честитајќи ѝ го Денот на жената.

Упати голема благодарност до својата класна раководителка, Грозданка Мешинкова, која, како што рече, му била втора мајка, жена која нему и на многу други генерации им го покажала вистинскиот пат и ги научила да се ценат како луѓе, а не според титулите.

– Секој човек остава трага во нашиот живот. Но, некои луѓе не само што оставаат трага туку ни се и водилка, затоа што дале бројни совети и насочувале и подготвувале цели генерации за идните фази во животот. Денешниот ден ѝ го посветив на жената што  им помогна на многу генерации да го изберат вистинскиот правец, од аспект на морални и хумани вредности, да ги изберат позитивните човечки особини и со работа да го слават успехот – истакна Јорданов.