EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Кошаркарската федерација на Србија потврди дека Никола Јокиќ ќе игра за националниот тим на Олимписките игри во Париз и Лил ова лето. Селекторот Светислав Пешиќ го објави списокот од 16 кандидати: Василије Мициќ, Алексеј Покушевски, Богдан Богдановиќ, Никола Јовиќ, Никола Јокиќ, Владимир Лучиќ, Марко Гудуриќ, Вања Маринковиќ, Огњен Добриќ, Филип Петрушев, Никола Милутинов, Душан Ристиќ, Алекса Аврамовиќ, Огњен Јарамаз, Дејан Давидовац, Урош Плавшиќ.

Беше големо прашање дали центарот на Денвер Нагетс ќе му биде на располагање на Пешиќ по напорната сезона во НБА, но очигледно на крајот тој реши да одговори на повикот и да се обиде да освои медал со своите сонародници.