EPA-EFE/PHILIPP SCHMIDLI

На италијанскиот параолимписки веслач Џакомо Перини му е одземен бронзениот медал од Параолимпијадата во Париз, поради мамење во текот на трката. Според повеќето странски медиуми, во текот на трката, Перини користел нелегален уред за комуникација, сличен на мобилен телефон. Судиите го нашле уредот во неговиот чамец по трката и го санкционирале овој потег.

Затоа, Џакомо Перини и неговиот тим беа исфрлени од последната трка, односно организаторите го ставија на последното место. Во сингл победи претставникот на Велика Британија, Бенџамин Причард, кој го освои златниот медал со време 9:03.84. Сребрениот медал му припадна на украинскиот веслач Роман Полиански, кој заостана десет секунди зад водечкиот Британец.

Најголема корист од дисквалификацијата на Италијанецот имаше австралискиот репрезентативец Ерик Хори, кој доби бронзен медал откако ја заврши трката на четвртото место.

  • Имаше инцидент, кој организаторите го видоа и го санкционираа. Бев доволно среќен што си заминав дома со бронзениот медал.

Тоа е сè што можам да ви кажам. Сето ова ѝ припаѓа на спортската среќа. Постојат правила и ние, како вистински спортисти, мораме да се држиме до нив. Возбуден сум затоа што освоив бронза. Ова е мој четврти настап на Параолимписките игри, и на секој освоив медал – изјави Австралиецот Хори по трката.